• Mon. Nov 25th, 2024

Милевски: И покрај поразот треба да сме горди на фудбалерите

ByВане Трајков

Mar 30, 2022

Селекторот на најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија, Благоја Милевски по синоќешниот пораз од 2-0 од фаворитот Португалија во финалето на баражот за пласман на Мундијал  истакна дека Македонија треба да се горда на своите фудбалери. 

Предводникот на црвено жолтите на пресконференцијата веднаш по мечот на Драгао истакна дека и покрај поразот во финалето тој им честите на фудбалерите за одлично одиграните квалификации и истакна дека цела Македонија треба да биде горда на овие фудбалери кој на патот до финалето на мундијалскиот бараж победија два светски гиганти повеќекратните светски и европски шампиони Германија и Италија.

„Треба сите да сме горди на овие момци! Посебно за периодот од септември до денеска, зашто во нив носат голем потенцијал и талент и на добар пат се да се приближат до најдобрите во Европа. Јас сум задоволен и горд на овие фудбалери, а жалам што примивме голови кога бевме доминантни. Сепак, грешките се составен дел од играта, но ние не отстапивме од организираноста на тимот. Мислам дека бевме достоен ривал и само вакви мечеви како овој во Порто и тој во Палермо може да ни помогнат да се доближиме до врвот. Овој пораз само може да нѐ мотивира“, изјави селекторот Боби Милевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *