До 14 декември, во нашата државна вкупно се вакцинирани 838 987 граѓани, ревакцинирани се 810 990, а трета доза од вакцината против ковид-19 примиле 86 266 граѓани. Ова значи дека вкупно аплицирани се 1 736 243 дози вакцини, се вели во најновиот извештај на Министерството за здравство.
Овие податоци покажуваат дека со две дози вакцинирани се 48 отсто од граѓаните, додека 57 отсто од граѓаните над 40 години се ревакцинирани.
„22 отсто од вакцинираните граѓани постари од 60 години примиле трета доза вакцина. Опфатот со една доза вакцина на полнолетната популација е 50 отсто. Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација“,велат од МЗ.Здравствените власти одново упатија апел за помасовна вакцинација, потсетувајќи дека на тој начин се спречува потешка форма на болеста и смртен исход од вирусот.
извор:https://360stepeni.mk/mz-revaktsinirani-se-48-otsto-od-polnoletnite-gragani-vo-drzhavata/