Приштина ја повлече зголемената царина за дел од производите, информираат од министерството за земјоделство. Оттаму очекуваат дека утре, министерот за економија Крешник Бектеши, кој ќе се сретне со неговите косовски колеги, да изнајде репение за надминување на проблемот.
- Сите досегашни преговори, ни даваат за право да очекуваме целосно укинување на зголемените царини. Затоа во овој момент, Македонија останува на ставот барем засега да не се воведуваат контра – мерки. По утрешниот состанок ќе имаме и многу повеќе детали за наредните чекори. Приоритетна цел на министерството за земјоделство во моментов е утврдување на начин како да ги заштитиме земјоделците, стои во писменото соопштените.
Пред десетина дена Косово ги зголеми царините и за македонските земјоделски производи. Според тогашната одлука, требаше, во наредните три месеци за 21 вид на овошје и зеленчук кои од земјава ќе се извезуваат таму да се плаќа за 30 отсто повисока царина од досегашната земјоделците реагираа дека тоа ќе значи финнаски крах за нив.
Вчера, министрите од регионот денеска во Белград, Србија на заеднички состанок ја повикаа косовската Влада целосно да ги укине зголемените царини за извоз на земјоделски производи во Косово. Тие ја поздравија одлуката на Косово за делумно укинување на зголемените царини, но, побараа од Приштина итно и целосно да ги укине воведените зголемени царини за извоз на земјоделски производи.