Со промоција на дел од производите на земјоделските задруги, со доделување на признанија на поединци и организации кои активно придонесуваат за развој и афирмација на задругарството, со потпишување на меморандуми за соработка со организации, установи и институции, како и панел дискусија на тема „Задругите партнери за забрзан одржлив развој“ со претставници на мрежата на земјоделски задруги, МЗШВ, научно образовни институции, локална самоуправа и гости од регионот, во организација на Мрежата на земјоделски задруги во Валандово се одбележа 101-виот Меѓународен ден на задруги.
Годишното прославување на овој ден, се вели во соопштението од Мрежата на земјоделски задруги, го препознава значителниот придонес на задругите кон глобалната економија и нивната улога во градење на поодржлива иднина.