• Fri. Nov 22nd, 2024

Меркел разговарала со Борисов за Македонија, очекува решение во блиска иднина

Германската канцеларка, Ангела Меркел вели дека разговарала со бугарскиот премиер, Бојко Борисов за блокадата за Македонија.

Одговарајќи на пратеничко прашање во Бундестагот, Меркел изрази очекување за надминување на бугарската блокада во блиска иднина, пренесе Дојче Веле.

Германската канцеларка вчера во Бундестагот беше критикувана од пратеникот од нејзината партија ЦДУ, Гинтер Крихбаум во врска со неуспехот на германското претседателство со ЕУ да ги започне пристапните преговори со Северна Македонија до крајот на годинава, како што беше ветено.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *