Владата засега не планира да ги стопира мерката МојДДВ моја заштеда и наградната игра поврзана со оваа мерка, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска.
– Кај нас доаѓаат предлози од граѓани и овие пари да бидат пренасочени кон решавање на здравствената криза. Ние ги разгледуваме овие предлози, но засега не планираме да ја стопираме мерката – рече Ангеловска.
Таа додаде дека се размислува доколку граѓаните сакаат да ги донираат парите да им се овозможи опција во рамки на апликацијата.
– Тоа ќе значи дека секој кој сака да ги донира парите ќе моќе и тоа да го направи. Но засега тоа е само предмет на размислување. ние ги следиме предлозите на граѓаните , па ќе одлучиме понатаму – рече министерката.