Меморијалниот турнир во мал фудбал „Никола Гелебешев“, во организација на ЗГ „Фантоми Север“- Гевгелија, се ближи кон самиот крај. Вечерва, ќе бидат одиграни натпреварите за третото место, а утре последните натпревари во финалето и борбата за првото и второто место.
За неполни два дена, ќе бидат познати најдобрите од пријавените 26 екипи кои играа во чест на Никола Гелебешев, долгогодишен тренер и голман во ФК „Кожуф“- Гевгелија, за кого ЗГ Навивачка екипа „Фантоми Север“ го организираше и 1. Меморијален турнир во мал фудбал.