• Fri. Nov 22nd, 2024

МВР – Полицаецот што пукаше суспендиран и заработи кривична ,,убиство во обид,,

ByВане Трајков

Aug 13, 2017

Полицаецот кој во петокот пукаше од службениот пиштол и рани две малолетни момчиња од Радовиш е суспендиран од работа и против него е поднесена кривична пријава ,,убиство во обид,, . Според одделот за внатрешна контрола и професионални страндарди при МВР тој постапил спротивно на одредбите од законот  односно неосновано, неоправдано и неправилно употревил средства за присилба –огнено оружје врз малолетните лица

„Против полицискиот службеник е поведена дисциплинска постапка пред надлежната комисија во МВР и со решение на министерот Оливер Спасовски полицискиот службеник ќе биде отстранет од работното место до завршувањето на дисциплинската постапка. До надлежниот јавен обвинител во Струмица е поднесена и кривична пријава поради основано сомнение дека полицискиот службеник сторил кривично дело „убиство во обид“, предвидено и казниво по член 123 и член 19 од Кривичниот закон на Република Македонија“, соопшти МВР кој ги осуди обидите за мнипулација за овој настан од одредени политички партии

Во петокот попладне по пријава за кражба на браната Мантово, полицајци со две службени возила ги пресретнаа осомничените лица од Радовиш кај градската капела во Струмица. При обидот да бидат приведени петте момчиња од возилото со словенечки регистарски ознаки, полициски службеник испукал куршум при што ранил две момчиња од кое едното со прострелна рана во градите и понатаму е во животна опасност на клиниките во Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *