• Sat. Nov 23rd, 2024

МВР: Кривична за струмичанецот кој го пренесе Палчо од Србија во Турција

ByЃ. K.

Dec 8, 2023

МВР до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против С.Д., поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело помагање на сторител по извршено кривично дело.

„С.Д. се сомничи дека во временскиот период од први до 3.12.2023 му помогнал на Љ.П., кој е осомничен за сторени кривични дела „грабнување” и „убиство”, дека со патничко возило „ленд ровер“, сопственост на правно лице со седиште во Струмица, го земал Љ.П. од Белград, Србија и го однел во Турција, со цел да избега и да се сокрие од органите за прогон во Република Северна Македонија“, извести МВР.

By Ѓ. K.