Регистрирани се 1.022 прекршока на мерката за задолжително носење на заштитна маска во изминатите 24 часа на територијата на цела држава, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Во изминатото деноноќие, исто така, се издадени и решенија за изолација на 231 лице во државата, а 161 граѓанин потпишале изјави за самоизолација.
Полициски службеници извршија контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е евидентирано дека во два случаја не биле почитувани изречените мерки.