• Fri. Nov 22nd, 2024

Матурантите полагаат македонски јазик од државната матура

Денеска во средните училишта во земјава се полага испитот по македонски јазик и литература во јунскиот испитен рок.Македонски јазик ќе полагаат 10 119 матуранти, албански 4 474, а 373 се пријавени за турски јазик.

Првпат годинава испитот по македонски јазик се полага по испитот по странски јазик кој беше спроведен минатата година.

В понеделник (11 јуни) е полагањето на третиот екстерен испит: хемија, физика, билогија, историја, филозофија, естетика и бизнис. На 13 јуни ќе бидат тестирани матурантите кои избрале да полагаат математика, а пријавени се 1926 кандидати.

За државната матура, годинава се пријавија 15 256 матуранти. Полагањето почна на 2 јуни со тестот по странски јазик. Најгоилем број пријавени беа за англиски јазик.

Прелиминарните резултати од екстерните испити, ќе бидат објавени најдоцна за 30 дена од спорведувањето на последниот екстерен испит, односно најдоцна до 13 јули.

Оние кои нема да положат дел или сите испити од државната матура во јуни или од оправдани причини не полагале, ќе може да полагаат во августовскиот испитен рок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *