• Fri. Nov 22nd, 2024

Маски и марами на лице како услов за укинување на полицискиот час од втори мај

Маски и марами на лице за сите како услов да се укине полицискиот час. Ова се планираните чекори кои треба да доведат до намалување на строгите рестрикции, а задолжително ќе остане мерката за социјална дистанца од 2 метри меѓу луѓето. Во втора фаза би одело отварање на кафеаните и рестораните, регулирање на работата на индустриските капацитети, додека засега нема размислување за отворање на училиштата, дознава Телма.

Владата пред два дена на седница одлучи да се изработи уредба за да се казнува неносењето маски на јавни места и во затворени простори, а денеска владини извори тврдат дека казните нема да се пишуваат првата недела од важењето на се уште ненапишаната наредба, туку тогаш само да се издаваат опомени. Целта на предлогот „маска на секое лице“ е да се обезбеди пошироко почитување на мерките за да се намалат рестриктивните мерки како долгиот полициски час. Но целото олабавување треба да се случи после први мај, а тоа без многу детали го најави и преку фејсбук пост, премиерот Спасовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *