Маските се враќаат во Македонија, комисијата за заразни болести бара да станат задолжителни за влез во здравствени установи.
„Тоа е со цел да се минимизира пренесување на заразата во здравствените установи. Таму имаме групи кои може да бидат зафатени со тешка слика од Ковид вирусот кој може да се јави и летарен исхох“, соопшти претседателот, д-р Злате Мехмедовиќ.
Здравствените власти во земјава регистрирале зголемување на позитивните случаи со ковид-19 во август и септември.
Епидемиолошката состојба се оценува како стабилна, а на ризичните пациенти им се препорачува нова доза вакцина.
Симптомите на новозаболените се болки во грлото, течење на нос, главоболка.