Екипата на Макс со пораз се збогуваше од регионалната Сеха лига. Вечерва во спортската сала Парк беа совладани и од хрватскиот вицешампион Нексе со десет гола разлика (30:20). Но и толку можеше екипата од Струмица ако се има во предвид дека на терен ротираа 7 играчи од кои двајца постојано од младинксиот состав ,наспроти искусниот хрватски состав. Струмичани во средината од првото полувреме имаа и предност од два гола (8:6), но дозволија за неколку минути гостите да го превземат резултатот во свои раце и првото полувреме да го завршат во своја корист но ицелиот напревар.
Против Нексе, Мајиќ и Милосављевиќ со по седум гола беа најефикасни кај струмичани, кои по сите турбуленции достоинствено го завшри своето дебитантско учество во Сеха Газпром лигата и тоа без победа со само два нарешени исхода.