По победата над УГД во Штип, одбојкарките на Македонија Макс забележаа нова победа – прва на свој терен во ова сезона. Во салата при ООУ Видое Подгорец во Струмица славеа против Ускана од Кичево со 3:1 во сетови ( 25:17, 22:5, 25:16, 25:14) и го направија второт по ред изненадување во втората фаза од шампионатот Група 2.
Одбојкарките на Макс потсетија на убавите времиња кога , сервисот им беше најмоќното оружје. Ричлиева со Лазарова воигран тандем, сестрите Владевски одлични во игра но и на мрежа ,Каралиска покажа дека може да биде добра и од други позиции, Јанкова и Стојанова на висина на задачите, но на мечот свои одлични моменти имаше младата Љафтова кој потсети дека Макс е расадник на квалитетни одбојкарки
Со ова втора победа тие полека се приближуваат на тетовски Бамикор и имат шанси првенството да го завршат на средината на втората група од ова фаза на шампионатот