Македонски новинари во Врање ќе се вакцинираат со АстраЗенека.
дози кои им ги обезбеди Македонската асоцијација на новинари МАН заедно со здружение од Србија и со посредство на претседателот Александар Вучиќ.
Повикот за заинтересираност беше објавен вчера а до денеска квотата била исполнета.
„Сто (100) медиумски работници доброволно се пријавија на повикот на МАН да се заштитат со вакцинација против вирусот Ковид-19 и сите пријавени добија повратни емаил потврди дека се регистрирани за вакцинација. Деталите за организираниот автобуски превоз (време и место на поаѓање и враќање од Скопје до Врање и назад) официјално ќе ги доставиме утре претпладне. На барање на МАН, Здружението на новинари на Србија преку кабинетот на Претседателот на Србија Александар Вучиќ, одобрена ни е вакцинација и ревакцинација за 100 лица, изјавија од МАН.