• Mon. Nov 25th, 2024

Македонските возила останаа на Евзони

Сите кои тргнаа на патување во соседна Грција, од утрово се заглавени на граница. Иако беше најавено дека граничниот премин „Евзони“ ќе биде отворен, сепак грчката полиција не ги пропушта возилата и граѓаните. Колона од десетици возила е пред границата, но и во меѓузоната. Од Министерството за внатрешни работи велат дека тие се должни да ги пропуштат возилата кон Грција, бидејќи добиле известување од македонското Министерство за надворешни работи.

Проблемот со непропуштањето на возила и граѓани кон Грција е бидејќи тамошните власти не испратиле известување до граничната полиција, дека влезот во нивната земја преку овој граничен премин е дозволен од денеска.

Инаку, од денеска ќе треба да е отворен граничниот премин со Грција за сите граѓани на Македонија кои имаат негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против Kовид-19 или позитивен резултат за антитела. Потврда за ова вчера даде и премиерот Зоран Заев по средбата со Константин Мицотакис во Атина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *