• Fri. Nov 22nd, 2024

Македонската Aрмија може да се носи со обврските од НАТО

Македонската Aрмија може да се носи со обврските од НАТО

Првото НАТО оценување откако Македонија стана членка на Алијансата заврши со највисока оценка и пофални зборови за способноста и професионалноста на војниците од лесниот пешадиски баталјон. Надлежните велат дека буџетот на одбраната е дуплиран, а во тек е процес на модернизација на Aрмијата.

Сè уште нема одлука за испраќање македонски војници во рамките на зајакнување на источното крило на НАТО, но надлежните уверуваат дека нашата Aрмија е подготвена, доколку Алијансата го побара тоа од нас.

Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски вели дека македонските војници се оспособени со највисоки перформанси и висока обученост за извршување на соодветни задачи како во земјата, така и во странство.

„Секако дека имаме потреба од дополнителни вложувања и подобрување на логистиката во делокругот на подобрена опрема за заштита и мобилност на командите и единиците што впрочем е и фокусот на Генералштабот, министерството и државните авторитети во делот на модернизација, план кој се спроведува во континуитет и очекувам во блиска иднина дел од тие средства да бидат испорачани, дел се испорачани и се според највисоките НАТО стандарди не само кај оваа единица туку и кај други состави“, вели генерал потполковник Ѓурчиновски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *