Канцеларијата на ОН за волонтери во Брегот на Слоновата коска, информираше дека македонската волонтерка Анита Андреевска-Митровска е една од жртвите во терористичкиот напад во туристичкиот град Гранд Басам, што се случи во неделата на 13 март.
Во дописот на ОН се наведува дека Андреевска-Митровска својата мисија ја почнала во декември 2015, а претходно работела во мисија на ОН во Авганистан, во 2002 година.
Веста за трагичното загинување на македонската Анита ја потврдија и од Министерството за надворешни работи.
Во терористичкиот напад, животот го загубија двајца припадници на војската и 14 цивили.