Македонската фудбалска селекција на гостувањето во Англија претрпе убедлив пораз со 7:0
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски по мечот и се извини на цела Македонија за дебаклот.
„И се извинувам на цела Македонија од нашето издание и перформанс вечерва. Одговорноста е моја. Цело мое извинување до целата нација и посебно извинување и благодарност до сите оние кои вечерва дојдоа на Олд Трафорд да не поддржат“, изјави Милевски.