• Fri. Nov 22nd, 2024

Македонија собира искуства и практики за окрупнување на земјиштето

Околу 140 експерти од повеќе од 30 земји од централна Азија и Европа ќе споделуваат искуства и ќе ги дискутираат препораките до Регионалната студија на Фао за окрупнување на земјоделското земјиште. Во Македонија Фао помага на земјоделците да го консолидираат премногу расцепканото земјоделско земјиште и недоволно развиената земјоделска инфраструктура.

Македонија е подготвена да ги прифати светските практики и да ја усогласи својата легислатива за окрупнување на земјиштето, рече министерот Николовски, додавајќи дека овој предизвик мора да се освои, бидејќи го кочи развојот на македонското земјоделство.

Интернационалната работилница во Македонија ја организира Фао заедно со министерството за земјоделство и ќе трае три дена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *