Во Струмица почна едукацијата на апликантите од македонска и грчка страна за имплементација на проектите кои ќе бидат во функција на граѓаните на двете држави во пограничните појаси. Станува збор за програмата за прекгуранична соработка за што досега се потпишани вкупно 27 проекти кои тежат околу 36,2 милиони евра кои се обезбедени од европсктие фондови. Александрос Самарас од Управувачкиот орган за прекугранична соработка на ЕУ истакна дека станува збор за проекти кои ги детектираат и решаваат заедничките проблеми и потреби на граѓаните од двете страни на границата
,, Реализацијата на претходните прекугранични проекти ми дава за право да очекувам видливи резултати и од овој повик . Станува збор за проекти кои носат отварање нови работни места, заедничко справување со ризици и катастрофи, подобрување на инфраструктурата, поквалитетни здравствени услуги во пограничните региони. Со заедничкото работење на овие проекти се зацврстува соработката помеѓу општините, грѓанскиот сектор, институциите од двете страни”, изјави Александрос Самарас
Деновиве се очекува зелено светло да добијат дополнителни три прокети од програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција. Проектите треба да се реализираат во период од 18 до 24 месеци.
Oд ова програма проекти ќе реализира општина Ново село и тоа за пдобрување на здраствените услуги во руралните средини за што планира набавка на мобилно амбулантно возило. Центарот за развој на југосточниот плански регион на проектите заштита на биолошката разновидност и подигање на центар за хуманитарана помош во случај на елементарни непогоди и кризи што ќе ги спроведе Центарот за развој на југоистокот. Проекти со соседна Грција ќе реалзиираат и други општини од југоистокот