Царинската управа најави дека утре на граничниот премин „Богородица“ кај Гевгелија ќе изврши поставување на табла со новото уставно име на државата.
Претходно, вечерва на сила стапи преспанскиот договор, по што Владата ја задолжи Царинската управа во рок од три дена да го промени името на таблите на граничните премини и на двата аеродроми во земјата. Со стапувањето на сила на договорот, земјата формално стана Република Северна Македонија.