Малата Ана Мазнејкова, талентираната пијанистка која со своето музицирање нижи европски награди, синоќа ја доби наградата за најдобар ученик којашто ја востанови семејството Џонови. Првооделенката Ана, годинава освои десетина меѓународни награди на натпревари по пијано низ цела Европа.
На завршниот концерт на музичкото училиште, полуматурантот Васил Бунгурџиев е прогласен за ученик на генерацијата. Бунгурџиев изминативе години донесе бројни награди на музичкото училиште Боро Џони, со што го заслужи епитетот, ученик на генерацијата.
Покрај Мазнејкова и Бунгурџиев, на синоќешниот концерт беа пофалени и останатите ученици кои што во текот на учебната година постигнале успеси на натпревари во државата и надвор од неа.