• Fri. Nov 22nd, 2024

Маж почина во пожар во Гевгелија

Едно лице загина а неколку се повредени во пожар во продавница за осветлување и електроматеријли во Гевгелија.  Според првичните неофицијални информации од полицијата, починатиот е 41 годишен маж со иницијали Ј.А. Засега се смета дека пожарот настанал од екплозија на плинска боца, но точните причини како дошло до оваа несреќа ќе се знаат откако ќе заврши увидот. Пожарот е пријавен во полициската станица во Гевгелија околу 15.50 минути попладнево, од страна на противпожарната екипа.

Од гевгелиската болница информираа дека примиле едно лице со  изгореници од прв и втор степен, и две со помали повреди. По првичната санација на изгорениците потешко повреденото лице ќе биде префрлено во Клиничкиот центар во Скопје.

На местото на настанот се дежурен јавен обвинител, истражен судија и полициски увидни екипи, како и екипи на медицинска помош и дирекција за заштита и спасување. Продавницата Заре комерц, во која избил пожарот се занимава со продажба на елементи за осветлување, грејни тела и делови. Се наоѓа во строгиот центар на градот, веднаш спроти зградата на Основниот суд во Гевгелија. яндекс

Од полицијата најавија повеќе информации во текот на утрешниот ден, кога ќе имаат повеќе информации од самиот увид.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *