Министерството за внатрешни работи објави неколку пријави за насилство, односно три случаи во кои мажи тепале жени со кои се во брак или заедно живеат, а не се венчани. Против нив ќе биде поднесени соодветни поднесоци.
Во Гостивар на 2.9.2023 полицијата го привела М.Б. (46) затоа што во семејниот дом физички ја нападнал неговата 35-годишна сопруга.
Истиот ден во Струмица полицијата интервенирала во домот на Ќ.Ј. (35) од Струмица затоа што физички ја нападнал неговата 34-годишна сопруга. И тој бил проведен во полициска станица.
Во Скопје 38 – годишна жена од Србија пријавила дека била физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг У. Ш. (35) од Скопје. И за овој случај МВР соопштува дека преземаат мерки за расчистување на случајот.