Луѓето имаат право да се плашат дека бранот на мигрантите ќе влијае на нивните заедници, изјави набискупот Џастин Велби.
Тој наведе дека е „апсолутно срамно“ да се гледа на тие луѓе како на расисти.
„Стравот е валиден вид на емоција во време на ваква криза. Ова е една од најголемите миграции на луѓе во историјата. И да се биде анксиозен заради тоа е многу разумно“, рече Велби.
„Постојат тенденции овие луѓе да се нарекувааат расисти, што е потполно срамно“, нагласи надбискупот.
Тој исто така рече дека со вистинска поддршка, британскиот народ би можел да се соочи со предизвiците кои ги создаде оваа ситуација.