МВР и девизен инспектор ќе ги зачестат контролите против „ченчерите“ на струмичките улици, најави Ѓорги Аризанов од Локалниот Совет за превенција кој денеса заседаваше на повеќе теми. Како што кажа повторно било отворено прашањето за лицата кои на улица вршат купопродажба на девизи за што реагирале регистрираните менувачници и банки кои имаат добиено дозвола од Народна банка. Според Аризанов ченчерите од страна на девизен инспектор веќе добиле опомени и предупредувања но сега ќе започнат и со поригорозни мерки во акција со МВР
Според доброупатените Струмица на црно работат околу 30 тина ченчери односно лица кои вршат купопродажба на девизи. Тие најчесто се сконцентрирани во центарот на градот каде на двете страни од булеварот Маршал Тито купуваат и продаваат девизи на лица кои со возила застануваат до нив.