• Fri. Nov 22nd, 2024

Лице од Струмица кое патувало во Италија се тестира за коронавирус поради покачена температура

Покачена температура кај струмичанец кој на 22 февруари се вратил од Италија е причина за негово тестирање на коронавирус. Резултати се очекуваат наскоро, информира на прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

„Струмичанец до сега немал индикации дека е болен се додека не покачил температура. Лицето утрово само се јавило на тестирање“ – кажа министерот Филипче.

Тој соопшти дека во земјава не се регистрирани нови случаи на заболувања од овој вирус. Пациентката кај која е потврден единствениот случај на коронавирус е во стабилна состојба. Таа е влезена е во фаза на опоравување, додека патниците и контактите поврзани со неа остануваат во изолација, петмина се од Струмица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *