• Fri. Nov 22nd, 2024

Лице кои прележало ковид, ќе може да влегува во угостителски објекти и на настани

ByВане Трајков

Aug 14, 2021

Лице кои прележало ковид-19 од понеделник, 16 август, ќе може да влегува во угостителски објекти и на настани ќе може да влезе и со потврда за прележан ковид, но само првите 45 дена сметајќи од денот кога оздравеле, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче. По завршувањето на првите 45 дена од прележувањето, и за овие граѓани ќе важи дека за влез во објекти треба да приложат серитификат за вакцинација, односно потврда за примена барем прва доза вакцина, објави СДК

„45 дена се однесува на тоа дека треба да се поминати тие неопходни 3о дена од прележувањето на болеста и плус 15 дена да се организираат за вакцинација“, рече Филипче при посетата на Охридската болница.

Филипче го најави дополнувањето на владината одлука од 7 август, дека од 16 август се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид на објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *