• Fri. Nov 22nd, 2024

Лицата со посебни потреби треба да добијат подобар третман од државата

Струмичани ја поддржаа иницијативата за измени на законите и правилниците што се однесуваат на лицата со посебни потреби, што ја покрена Ресурсниот центар на родители,  заради подобрување на условите за живот на оваа категорија граѓани. Во градската библиотека, граѓани и граѓански здруженија од Струмица ставаа потписи за државата да посвети поголемо внимание на лицата со посебни потреби и нивните родители кои постојано се врзани со своите најблиски .

„Бараме да се зголеми посебниот додаток на лицата со посебни потреби за 20 насто, а оние кои се постари од 26 години да се издвојат од возрасните кои примаат додаток за нега од друго лице. За лицата кои се корисници на правото за мобилност, годините да се избришат, бидејки надоместокот треба да зависи од здравствената состојбата, а не од возраста на лицето“, рече Даниела Мирческа од Ресурсниот центар на родители на деца со посебни потреби

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *