Во рамките на проектот ,,И ние постоеиме’’ членовите на Здружението на лицата со инвалидитет Мобилност а во партнертство со здружението на лицата со даунов синдорм Вера, во Струмица се отвори фитнес центар за лица со попречености. Во Центарот овие лица со посебен надзор ќе вежбаат и рекреираат а спортистите со инвалидитет ќе се подготвуваат за натпреварувања
Лицата со попречености од струмичко добија фитнес центар каде под контрола на стурчно лице ќе можат да се рекреираат но и да вежбаат за одредени натпреварувања. Станува збор за центар на здружението Мобилност кој се отвори во рамките на проектот и Ние постоиме преку програмата за локална демократија за западен балкан финансиран од ЕУ