Одбојкарите на Џио Струмица ќе имаат уште една тешка задача на стартот од втората фаза од прволигашкиот одбојкарски шампионат на Македонија. Се среќаваат со тимот на Универзитет Тетово кој по есенскиот дел од првенството е второ пласиран и има само еден пораз и тоа од струмичката сино бела фурија.
Мечот е закажан на 23.02 – сабота во салата Партизан, во кој тетовчани најавуваат максимална пожртвуваност за да им се реваншираат за есенскиот пораз пред своја публика. Во своите редови дури донесоа и засилувања, Сашко Ивковиќ од Лирија и поранешните членови на Шутова Флаурент Исљами и Наим Абази
Од таборот на ОК Џио Струмица најавуваат уште еднба интересна партија со квалитетни поени но и нови три бода на своето конто, со цел да се задржи епитетот Џио Струмица најдобар