Доминантно, лидерот во домашниот одбојкарски шампионат во женска конкуренција, Струмица, ја почна битката за шампионскиот наслов, пишува Спортспорт.мк.
Во струмичката полуфинална плеј-оф пресметка Струмица ја искористи шансата на домашниот терен и со убедлива победа од 3:0 ја поведе серијата со 1:0.
Струмица – Наковски волеј 3:0 (25:16, 25:13, 26:24)
Наковски Волеј кој регуларниот дел од сезоната го заврши на 4. место, очигледно во грч го почна оваполуфинале и дозволи домашите одбојкарки многу лесно да ги освојат првите два сета. Вистинско дерби видовме во третиот сет, кој домашните го добија на разлика.
Сепак, Наковски Волеј со овој сет покажа дека нема лесно да се предаде во овој полуфинален дуел со градските ривалки, па својата шанса ќе ја чека на вториот меч на домашен терен.
Избор: sportsport.mk