Лекарската комора бара со новиот закон за лекарска дејност да се дефинираат и платите на лекарите.
“Вреднувањето на докторската дејност како високо специјализирана дејност од исклучително значење за поединците и општеството, во мрежата на здравствена дејност се определува согласно должината на образованието, специјалистичкото односно супспецијалстичкото усовршување и континуирана едукација во смисла на обновување на лиценцата за работа, со основна нето плата.Основната нето плата се утврдува така што просечната плата во републиката се множи коефициент 2,5 за општи доктори, со коефициент 2,7 за доктори специјализанти, со коефициент 3,5 за доктори специјалисти и коефициент 3,8 за доктори супспецијалисти“, се наведува во соопштението од ЛК.
Ако се земе во превид дека процечната нето плата е 24.590 денари тоа значи дека општ лекар ќе зема плата од 61.475 денари, специјализант 66.393 денари, специјалист 86.065 денари и субспецијалист 96.862 денари.