• Fri. Nov 22nd, 2024

ЛД ,,Фазан,, од Василево најавува силен турнир во стрелање мети за Денот на независноста

За Денот на независноста на Р. Македонија,  ЛД ,,Фазан,, од Василево најавува силен меѓународен турнир во стрелање глинени мети, дисциплина Трап.  Турнирот ќе се одржи на стрелиштето кај брана ,,Турија,,  каде и досега се организираше, но годинава се најавува масовност и неизвесна борба во трката за освојување на првите места во поединечна и екипна конкуренција. Според информациите што доаѓаат од  ЛД ,,Фазан,, од Василево  пријавени се околу 60 ловџии и 20 ловни друштва од земјава но и Бугарија. Заради силната конкуренција турнирот ке започне во утринските часови а во жирито за регуларноста ќе се грижи комисија составена од повеќе ловни друштва

,, Подготовките за овој турнир финишираат  и се надеваме дека и годинава ќе бидеме одлични организатори и домаќини. Според пријавите што стигнаа за турнирот, навистина  имаме силна конкуренција и ќе има неизвесност околу победниците. Околу 60 ловџии ќе угостиме на натпреварот кој станува се поатрактивен меѓу ловџиите, бидејки станува збор за олимписки спорт кој бара прецизност а пред се концетрација и брзина. На натпреварот за најдобрите ќе бидат доделени пехари и медали, но ке бидат доделени и богати награди,, ни кажа Зоран Јанев претседател на ЛД ,,Фазан,, од Василево

Паралелено како што информираа  од  ,,Фазан,, за сите учесници на турнирот но и ловџии кои ќе бидат присутни на стрелиштето  кај брана Турија, е планиран ловџиски ручек  подготвен на традиционален начин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *