На денешен датум минатата 2020 та година, Струмица ја започна со 171 лице заболени од сезонски гри. Сукцесивно до крајот на март оваа бројка на неделно ниво рапидни растеше, а Струмица после Скопје беше град со најмногу позитивни на сезонскиот грип. Годинава пак сликата е драстично поразлична. До денес во Центарот за јавно здравје нема регистрирано ниту еден случај на позитивен пациент со инфлуенцата АХ1 Н1. Епидемиолозите немаат објаснување.
Позитивни на инфлуенцата на грип нема ама позитивни на Ковид 19 само во Струмица се 614 , а во Југоистокот 1074 лица.
Денес го контактиравме и директорот на струмичката болница кој се пофали со намален број на хоспитализирани лица, дваесетина од нив се на инфективно одделение, додека пак останатите циркулираат на дневна болница.
Модуларната болница во кругот на болницата се очекува деновиве да профункционира, да се растеретат преадаптираните амбуланти каде се лекуваат пациентите. Во југоистокот , модуларната болница има и во Гевгелија која веќе е ставена во функција.