Ситуацијата со Северна Кореја не треба да и служи на Америка како изговор за поставување ракети во регионот, рече рускиот дипломат Сергеј Лавров.
Тој наведе дека и Пјонгјанг треба да ги слуша Советот за безбедност и Обединетите нации и да се врати на преговарачка маса.
Сергеј Лавров се состана со кинескиот министер за надворешни рабори Ванг Ји во Москва, а тие двајцата пред се разговараа за нуклеарните закани на Северна Кореја.
„Очекувам Северна Кореја да направи одговорни заклучоци, да ги слуша Обединетите нации и и да се врати напреговарачка маса“, рече Лавров.