Струмица или Дојран. Во едно од овие две места ќе биде КУП титулата во женски фудбал откако утре на стадионот Младост ќе се одигра големото КУП финале во фудбал во женска конкуренција . Финалниот меч ќе се игра утре со почеток во 17 часот на стадионот Младост а за пехарот и златните одличја во КУП натпреварувањето ќе играат ЖФК ,,Тиверија ,, од Струмица и ЖФК,,СЦ Истатов,, од Дојран
Тиверија до финалето стаса со победите над Драгон во полуфиналето додека Истатов против екипата на Кочани. Инаку овој натпревар требаше да се одигра во Велес но двата клуба се согласија освојувачот на титулата да биде во Струмица