Во „Куќата на фудбалот“ се одржа ждрепката за првото коло од Купот на Македонија. Во оваа фаза нема ниту еден прволигашки дуел, но има неколку интересни парови.
Вардар и Брегалница ќе гостуваат кај второлигашите Беса и Новаци, Тетекс е ривалот на Работнички, а Бреа ќе гостува во Гевгелија.
Станува збор за еден натпревар кој ќе се игра на 20-ти септември со почеток во 15 часот во Гевгелија. Победникот од овој меч ќе обезбеди пласман во осминафиналето од Купот.
Куп на Македонија
Прво коло:
Јанг Тим – Победа
Новаци – Брегалница
Башкими1947 – Скопје
Арсими – Тиквеш
Кожуф – Брера
Карбинци – Воска Спорт
Охрид – Детонит Плачковица
Беласица – Гостивар
Коњаре – Шкупи
Беса 1976 – Вардар
Тетекс – Работнички
Влазерими – Пелистер