Како дел од претфестивалските активности, во понеделник, на градскиот плоштад во Валандово, со почеток од 20.30 часот, ќе настапат КУД „Гоце Делчев“ од Валандово и ансамблот „Распеани валандовчани“.
Настанот е дел од серијата промотивни настани за овогодинешното издание на „Фолк Фест Валандово“, кој од оваа година повторно се враќа во стариот термин, 24-ти и 25-ти мај.