Скопскиот Кривичен суд во соопштение до јавноста реагира на вчерашната изјава на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески дека на судиите, како оние што го ослободија Латас во предметот „Тревник“, не им е место во судството.
Во соопштението на судот пишува: „Во однос на вчерашната изјава на јавниот обвинител на РСМ, Кривичниот суд – Скопје му укажува на Обвинителството, наместо редовно и неосновано да ги напаѓа судот и судиите по секоја судска одлука од која не се задоволни, да си погледне во сопствениот двор.
Во соопштението се додава: „Судот и судиите работат во согласност со законските одредби, го почитуваат начелото на еднаквост на оружјата, уставно загарантираните права и слободи и одлучуваат врз основа на доказите и аргументите, а не врз основа на лични желби на странките во постапката, а секоја првостепена одлука на Кривичниот суд се преиспитува од повисоките судски инстанци по изјавена жалба од незадоволната страна“.
На крајот од соопштението на скопскиот Кривичен суд се дополнува: „Како суд бараме во иднина Обвинителството да се однесува со повеќе почит кон судиите и судиската функција, нивните коментари и изјави да се во рамките единствено на нивните надлежности, а не на паушални обвинувања“.
извор:makfax