Фудбалерите на Академија Пандев повеќе од месец дена немаат забележано првенствена победа на свој терен. Кикснаа пред своја публика и вчера во мечот со екипата на Силекс која за Кратово си замина со победа од 1:0 и три бода на своето конто. Последната победа пандевци на стадионот Младост ја забележаа на 25 октомври проитв Шкендија од 3:2. Од тогаш претрпеа пораз од прилепска Победа, па ремизираа со Работнички , од Вардар беа декласирани а главите ги наведнаа и вчера против кратовчани.
Единствена светла точка беше гостувањето во Битола каде славеше против Пелистер и пласманот во полуфиналето од Купот совладувајки го двапати Тетекс.
Ова лоша серија на резултати во шампионатот за Академијата резултираа со пад на 4 позиција на прволигашката табела која има 26 бода оставајки им го третото место на кратовчани кои имаат 31 бод Вардар со два натпревари помалку 32 и Шкендија која има 41. Сепак и ова четврто место не е загарантирано бидејки Работнички им диши во врат со 25 бода и натпревар помалку
За екипата на Академија Пандев останува уште еден натпревар и тоа со Вардар во Скопје како заостанат.