• Sat. Nov 23rd, 2024

Кривични пријави за струмичани кои групно славеле роденден, а видеа од забавата објавиле на „Фејсбук“

Струмичката полиција до тамошното Основно јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против Л.К. (36) и Д.К. (44) и двајцата од Струмица, поради сомневање дека сториле кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Како што информираат од МВР, на 5 јануари во домот на првопријавениот во Струмица, била организирана роденденска прослава, на која присуствувале повеќе лица, при што со таквото дејствие пријавените постапиле спротивно на Одлуката за превентивни препораки за справување со Ковид-19.

Од организираната роденденска прослава второпријавениот снимил видео снимки на кои се гледа присуство на повеќе лица што потоа ги објавил на социјалните мрежи.

Од страна на полициските службеници при СВР-Струмица, превземени се мерки за расчистување и документирање на настанот.

Обезбедени се и објавените видеа од организираната роденденска прослава, извршени се службени разговори, а се преземаат и дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *