Сектор за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против К.З.(61) од Струмица, за сторено кривично дело „Мачење животни“.
На 26.11.2017 година, пријавениот од с.Борисово до продавнца во с.Мокриево, со метален синџир го врзал своето куче за задната страна на возилото, и додека го управувал возилото го влечел животното.