Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против К.Ф.(54) од с.Богородица, гевгелиско, Р.К.(65) од Гевгелија и правно лице од Гевгелија, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца”.
На 23.12.2020 околу 07.30 часот, при контрола на патници и возила од страна на полициски службеници на место викано „Фарма“, во близина на Гевгелија, бил запрен првопријавениот, кој управувал патничко возило „опел вектра“, со гевгелиски регистарски ознаки, сопственост на третопријавеното правно лице од Гевгелија, чиј управител е второпријавениот, при што без да поседува лиценца за вршење на такси превоз и сертификат за авто-такси возач, со возилото вршел јавен превоз на три лица државјани на Р.Албанија.