• Mon. Nov 25th, 2024

Креацијата „Чекор напред“ на струмичките гимназијалци претставена на Trash Fashion во Скопје

Во четвртокот во Скопје се одржа традиционалниот настан „Trash Fashion“, организиран од Младинскиот Културен Центар, со поддршка од ЕУ за Тебе, ОХО и Министерството за образование. На настанот ученици изработуваат облека користејќи отпадни материјали, и истите се вреднуваат по различни критериуми.

Гимназијата „Јане Сандански“ годинава учествуваше со креацијата „Чекор напред“, работена под менторство на професорката Анита Станковска. Моделот кој се појави со креацијата е ученичката Лилјана Иванова, а во нејзиниот тим учествуваа и ученичките Ива Макенаџиева и Гонце Бактерлиева.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *