Драги навивачи и Струмичани, Ве повикуваме да се приклучите на добротворната крводарителска акција која ќе биде организирана на СЦ Пандев во среда, 4 октомври, заедно со ОО Црвен крст на Република Северна Македонија и Службата за Трансфузиона медицина.
Од 9 до 14 часот, покрај дарување крв, ќе можете да се дружите и со фудбалерите и тренерите.
Секој крводарител ќе добие специјална маица ФК Брера Струмица и две карти за натпреварот со Гостивар кој нѐ очекува викендот после крводарителската акција.