Депонии, неконтролирано ѓубрење или прскање на културите. Бројни се загадувачите на подземните води. Состојбата во струмичко не е јасна, ниту во однос на квантитетот, ниту на квалитетот, затоа што државата не спроведува редовни контроли.
Универзитетскиот професор. д-р Душан Спасов, вели дека неконтролираното користење на минералните ѓубриња е дури поопасно од користењето на пестицидите, бидејќи доаѓа до концентрација на нитрати во почвата и подземните води коишто се сметаат за причинители на одредени канцерогени заболувања.
Со овој прилог, ТВ Вис се приклучува кон кампањата „Разбистри сѐ“, што ја спроведува Институтот за комуникациски студии и е финансирана од Британската амбасада во Скопје.