• Fri. Nov 22nd, 2024

Кошаркарските ветерани од Струмица формираат клуб и во сабота во Парк ќе играат со Здравје Лесковац од Србија

Кошаркарите кои своевремено оставиле белег во струмичката и македонската кошарка, формираат клуб кој ќе го носи името КК ,,Ветерани Струмица,,.  Во моментов во клубот членуваат 17 поранешни кошаркари и кошаркарски работници а екипата ја предводи Гоце Николов- Германо. Формирањето на ваков клуб било на иницијатива на Слободан Коцев кој заедно со Перо Настев во Qe pasa ги поставиле темелите на овој клуб кој ќе има за цел анимирање и популаризација на кошарката од една страна и спортување и дружење на луѓето што дале печат во струмичката кошарка.

КК,, Ветерани Струмица,, веќе во сабота ќе го имаат и првиот меѓународен меч. Го пречекуваат тимот на ветераните на Здравје од Лесковац од Србија. Дуелот е закажан во 17 часот во салата Парк.  Засега не откриваат со која стартна петорка ќе излезат но тренерот Николов има на располагање речиси сите поранешни кошарки а тука се Павле Узунов, Стојан Каламерников,  Златко Зетов, Блажо Витанов, Звонко Кечев, Гоце Андонов, Перо Настев , Љупчо Апцев, Слободан Коцев Ацо Димитриев, Јордан Николов, Миско Ефтимов, Ристе Караристов и многу други поранешни кошаркари

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *